• Saturday, 05 October 2024

Општина Македонска Каменица изготви техничката документација за изградба на велосипедска патека на срт од Осоговските планини

Општина Македонска Каменица изготви техничката документација за изградба на велосипедска патека на срт од Осоговските планини

Македонска Каменица, 4 октомври 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица изготви техничката документација за изградба на велосипедска патека на сртот од Осоговските планини со типски планински објекти и промотивни електрични планински велосипеди. 

Постапката како што објави денес градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски е целосно е завршена постапката, опфакајки изработка на техничка документација за обележување и трасирање на велосипедската патека по сртот на нашите прекрасни Осоговски планини. 

-Станува збор за проектот „Од подобро искористување на природното и историското наследство до зголемена туристичка атрактивност на прекуграничната област“. Со рехабилитација и обележување на планинска велосипедска патека во должина од 26.102 метри, ќе ја подобриме туристичката понуда на Македонска Каменица и ќе создадеме атрактивна дестинација за сите љубители на природата и активниот одмор, стои во објавата на Атанасовски.

Проектот „Од подобро искористување на природното богатство и историското наследство до зголемена туристичка атрактивнист на прекуграничната област“. опфаќа повеќе сегменти. Во рамки на истиот предвидено е рехабилитација и обележување на велосипедската патека со информативни табли и патокази во должина од 26.102 метри, изградба на три заштитни куќарки за велосипедисти, набавка на пет електрични планинарски велосипеда за промотивни цели и изработка на дигитална платформа за промоција на проектот.

-Со развивањето на рекреативниот и спортскиот туризам, велосипедистите ќе имаат можност да уживаат во прекрасните природни пејзажи, а со тоа ќе се зголеми и бројот на посетители во нашата општина.
Проектот ќе придонесе за заштита на природните ресурси, животната средина и промоција на одржливиот туризам. Велосипедската патека ќе овозможи поврзување на најоддалечени рурални локални заедници, а ќе се  овозможи и подобар пристап до природните богатства и културното наследство на Македонска Каменица, додаде Атанасовски.

Изрази уверување дека оваа инвестиција ќе придонесе за бројни позитивни ефекти за забрзан економски развој и поквалитетот на живот во заедницата, а со реализацијата на овој проект Македонска Каменица ќе биде стане поатрактивна дестинација за туризам и рекреација. вс/нд/

Фото: Општина Македонска Каменица