• Sunday, 27 October 2024

Општина Куманово ќе понуди месец дена бесплатен транспорт за сопственици на хаварисани возила до лицнецирани отпади

Општина Куманово ќе понуди месец дена бесплатен транспорт за сопственици на хаварисани возила до лицнецирани отпади

Куманово, 25 октомври 2024 (МИА) - Сопствениците на хаварисани возила од Куманово ќе имаат можност, бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо, соопштија денеска надлежните од општината. Акцијата ќе почне на 28 октомври годинава (понеделник) и ќе трае наредните триесет дена.

- Општина Куманово заедно со Куманово паркинг и СВР Куманово ќе спроведе акција за отстранување на хаварисани автомобили кои не се во возна состојба и со години зафаќаат јавни површини и паркинг простор. Од тие причини ве известувам дека во наредниот период започнувајќи од понеделник, 28 ми октомври па следните 30 дена сите сопственици на хаварисани автомобили со службите на ЈП „Куманово Паркинг“ бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо. Сопственикот на автомобилот треба да биде присутен на проценката и за истото возило ќе си добие паричен надоместок, изјави претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби ќе почнат со отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите. Според првичните информации од комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина.

- Истите се доставени до СВР Куманово и во моментов се врши проверка на сопственоста. Како работна група сметаме дека е време да се справиме со проблемот со паркирање во Куманово и дека е најсоодветно да се започне прво со ослободување на простор кој веќе постои и е наменет за таа работа. Прво отстранување на хаварисаните автомобил, па непрописно паркирање по тротоари, голем дел од нашето население стекна многу лоша навика да се паркираат пред нивните гаражи наместо во гаражи, тоа не е само во центар на Куманово, туку во цело Куманово. Според мене, втора важна работа е акција за подигање на свеста да се паркираат внатре во своите гаражи, а не да ги претвораат во депо, додаде Ѓорѓиевска.

Таа нагласи дека одбележување на „Б паркинг зона“ ќе почне наскоро, додавајќид ека претходните десет години само се најавува и не се реализира освен малиот паркинг во близина на ТППЕ Куманово. Во акцијата ќе се вклучат и СВР Куманово и сектор за инспекција, претпријатието. ам/са/


Фото: МИА