• Thursday, 02 January 2025

Општина Крива Паланка додели признанија за најдобрите медицински работници, пожарникар, полицаец и спортист во 2024 година

Општина Крива Паланка додели признанија за најдобрите медицински работници, пожарникар, полицаец и спортист во 2024 година

Крива Паланка, 30 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски и претседателката на Советот Изабела Павловскаденеска ги врачија признанијата за најдобрите медицински работници, полицаец, пожарникар, работник и спортист од Општината во 2024 година.

Признанија за најдобри здравствени работници добија тројца специјалисти од Здравствен дом Крива Паланка: д-р Сретимир Николовски, специјалст интернист, д-р Милка Митовска, специјалист по радиодијагностика и д-р Драга  Стоилковска, специјалист дерматовенеролог.

За најдобра воспитувачка од детската градинка „Детелинка“ признание ѝ беше врачено на Бранкица Станковска, најдобар полициски службеник е Јонче Стојчевски од ОВР Крива Паланка, ПС од општа надлежност, а најдобар пожарникар е Бобан Младеновски од ТППЕ Крива Паланка.

Признание за најдобар работник за 2024 му беше врачено на Орце Спасовски од ЈП Комуналец, а за најдобар спортист е прогласен Александар Јакимовски, пингпонгар од ППК „Крива Паланка“.

-Признанијата се доделуваат за исклучителни резултати во реализација на бројните работни задачи, давајќи значаен придонес во остварувањето на работата, секој во својата област, за човечноста и пожртвуваноста, посветеноста во работата, мотивирајќи со својот личен пример, за врвни резултати во спортот и афирмација на општината во национални и светски рамки. Им посакуваме добро здравје и успеси во новата, 2025 година, со желба да продолжат со својата посветена работа во интерес на граѓаните и со заложбите за постигнување нови успеси, порача градоначалникот Митовски.

Признанијата се доделуваат традиционално, на крајот од годината, за посебни заслуги, за хумана и пожртвувана работа, за постигнувањата и заложбите со кои овие работници од различни области се истакнуваат во своите колективи и заедницата. ид/мд/

Фото: Општина Крива Паланка