Општина Кисела Вода го одбележа Националниот ден на Унгарците
- Во паркот во Драчево, изграден лани како симбол на пријателството меѓу Општина Кисела Вода и Република Унгарија, денеска свечено беше одбележан Националниот ден на Унгарците. Настанот се одржа во присуство на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, унгарскиот амбасадор Андраш Клеин, военото аташе на Унгарија, Надаш Ласло, претставници на Здружението на Унгарците во државава - „Теледом“, како и бројни граѓани и гости, информираат попладнево од локалната самоуправа.
- Post By Блаже Дарудов
- 15:18, 15 March, 2025

You need to login to view this page en