Општината планира да постави 200 контејнери на триесетина локации низ Гостивар
- Според Сафет Асани, претставникот на локалната самоуправа кој работел на подготовка на планот, одредени се локациите, односно местата на кои ќе стојат контејнери за собирање на комунален смет и примарна селекција на отпадот. - Со оглед дека градот се шири, предвидени се 35 локации на кои ќе се поставуваат контејнери со капацитет од еден до два кубни метри. На некои од овие локации ќе има посебни контејнери за собирање на метал, пластика и хартија. Според првичните анализи, можно е бројот на локации да се зголеми и до 45.
Гостивар, 27 февруари 2026 (МИА) – Според предлог планот на општинската власт, комуналното претпријатие, низ градот Гостивар треба да постави околу 200 контејнери на постоечките, но и нови локации. На денешната седница, членовите на општинскиот Совет дадоа поддршка и го изгласа ПРЕДЛОГ-ПЛАН за поставување на контејнерски пунктови во градот Гостивар.
Општината планира да воведе и пилот-проект од три месеци со ограничен пристап до контејнерите. Според најавите, на одредени места ќе се постават контејнери со заклучување, како би се избегнало во нив да се одлага смет од други населби. Резултатите од пробниот период, како што беше кажано треба да дадат појасна слика за навиките на граѓаните и решенија за понатаму.
Според Сафет Асани, претставникот на локалната самоуправа кој работел на подготовка на планот, одредени се локациите, односно местата на кои ќе стојат контејнери за собирање на комунален смет и примарна селекција на отпадот.
- Со оглед дека градот се шири, предвидени се 35 локации на кои ќе се поставуваат контејнери со капацитет од еден до два кубни метри. На некои од овие локации ќе има посебни контејнери за собирање на метал, пластика и хартија. Според првичните анализи, можно е бројот на локации да се зголеми и до 45, рече Асани.
Во дискусиите на советниците беше потенцирано да се поведе повеќе сметка за начинот на кој граѓаните ќе го одлагаат сметот. Од локалната самоуправа беше побарано да ги активира, комуналните инспектори и зачестено да го следат фрлањето на смет, па дури и да казнуваат. Прифатена беше и сугестијата за поставување на корпи за отпадоци по тротоарите, со што како што беше речено би се придонело за поголема чистота низ градското подрачје.згм/вј/
Фото: МИА