• Tuesday, 16 December 2025

Општината и ОО на Црвенниот крст -Виница потпишаа меморандум за сорабока

Општината и ОО на Црвенниот крст -Виница потпишаа меморандум за сорабока

Виница, 16 декември 2025 (МИА) - Општина Виница и Општинската организација на Црвен крст – Виница потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зацврстува заедничката заложба за унапредување на хуманитарните, социјалните и општествено корисни активности во нашата заедница, соопштува локалната самоуправа. Со овој меморандум се воспоставува континуирана и партнерска соработка, насочена кон поддршка на граѓаните и промоција на хуманите вредности.

Првата заедничка активност ќе се реализира на 4 март, по повод одбележувањето на датумот на загинување на апетанот Кирчо Димитриов, со спроведување на активности во знак на сеќавање и почит кон неговото херојство, најавуваат од Општината .

Општина Виница и Црвениот крст – Виница и во иднина ќе продолжат со заеднички иницијативи во интерес на граѓаните и локалната заедница, наведено е во соопштението доставено до медиумите. ис/вј/

Фото: Општина Виница