• Sunday, 09 March 2025

ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава

ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава

Њујорк, 8 март 2025 (МИА) – Обединетите нации реагираа на синоќешните руски напади врз Украина, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните денови за цивилите оваа година.

Според Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина, загинале 21 цивил, што го прави вчерашниот ден еден од трите најсмртоносни денови за цивилите од почетокот на годината.

- Сите 21 загинати цивили и 79 од 81 ранети се случија на територија под контрола на Украина, соопшти ОН, додавајќи дека податоците се уште се проверуваат.

Најголем број жртви е забележан во регионот на Доњецк, вклучително и Добропилија, каде во руски напад со повеќе видови оружје загинале 11 цивили.

Локалните власти соопштија дека во нападите биле уништени или сериозно оштетени осум петкатни згради, административна зграда и трговски центар. јт/

Фото: ЕПА