• Tuesday, 15 October 2024

Од Струмица почна реализацијата на иницијативата на полицијата „До Вас, за Вас“

Од Струмица почна реализацијата на иницијативата на полицијата „До Вас, за Вас“

Струмица, 14 октомври 2024 (МИА) - Од Струмица денескја МВР ја почна иницијативата „До Вас, за Вас“ во рамки на концептот „Полицијата-сервис на граѓаните“.

На влезот во Градскиот парк во Струмица полицијата претстави дел од својата опрема и возила кои се користат во извршувањето на секојдневни задачи.

Почетокот на иницијативата ја означи Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност, кој ги посети сите поставени штандови со опремата, а граѓаните непосредно ги запозна со задачите и целите на полицијата. рт/цр

Фото:МИА