Одложени концертите на Здравко Чолиќ во Скопје
- Поради трагичната несреќа во Кочани се одложуваат трите најавени концерти на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Поради трагичната несреќа во Кочани се одложуваат трите најавени концерти на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ.
- Ве известуваме дека претстојните три концерти на Здраво Чолиќ во Скопје, кои требаше да се одржат на 18, 19 и 21 март се одложуваат. Ве замолуваме пред се да покажаме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество, а во претсојните денови ќе објавиме повеќе информации за овие концерти, се вели во објавата на Mktickets на Инстаграм. бак/
Фото: МИА архива