• Thursday, 17 October 2024

Ограничено движење кај Студенчишкиот канал во Охрид поради вежбовните активности на МВР

Ограничено движење кај Студенчишкиот канал во Охрид поради вежбовните активности на МВР

Охрид, 16 октомври 2024 (МИА) – Полицијата ги известува граѓаните на Охрид дека во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР закажана за утре, заради изведување подготвителни активности денеска од 10 до 14 часот за движење ќе биде затворена пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“.

На посочениот простор забрана за движење ќе има и утре, на денот на изведување на показната симулациска вежба, во периодот од 10 до 13 часот.

Активности поврзани со симулациската вежба, ќе се изведуваат и на одредени точки во водите на Охридското Езеро поради што Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништа, од 5 до 13 часот ќе вршат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот „Студенчишта“ до комплексот „Инекс“.

Од СВР Охрид се упатува апел до граѓаните да ги почитуваат ограничувањата и насоките на полициските службеници кои преземаат мерки од областа на безбедноста. aб/са/

фото/МИА