• Wednesday, 13 November 2024

Објавени добитниците на државната награда „22 Ноември“

Објавени добитниците на државната награда „22 Ноември“

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Наградата „22 Ноември“ за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот како и за придонес  во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија, годинава им се доделува на проф. д-р Авзи Мустафа, педагог и на проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор, соопшти Министерството за култура.

Одлуката за добитниците ја донел Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ на седницата одржана на 16.10.2024 година. Претседател на Одборот е Решат Амети.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на  22 ноември 2024  година (петок) во 11 часот во Собранието на Република Северна  Македонија.са/

Фото: архива