• Monday, 17 March 2025

Обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и на премиерот Мицкоски

Обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и на премиерот Мицкоски

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во 17:30 часот ќе се обрати пред јавноста, а во 18 часот најавено е обраќање и на премиерот Христијан Мицкоски по повод трагичната несреќа што се случи во Кочани.

Според последните официјални информации, во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Дел од нив се хоспитализираат во болници во соседните држави. бак/ац/

Фото: МИА архива