• Wednesday, 04 February 2026

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информира дека оформило предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување кривична одговорност кај повеќе лица, кои преку коментари на социјалната мрежа „Фејсбук“ упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во телевизијата „Канал 5“ - Александар Видиновски.

- Коментарите биле објавени под видеоприлог на новинарот, кој се однесува на непрописно паркирани возила пред објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и во себе содржеле сериозни закани, говор на омраза, ксенофобични пораки и пораки што поттикнуваат национална нетрпеливост - информираат од Обвинителство.

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, како што посочуваат од Обвинителство, имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за новинар и уредник што врши дејност од јавен интерес и професионални задачи, предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје со цел да преземе дејства за испитување на индициите за евентуално постоење елементи на кривично дело за кое се гони по службена должност. аа/дма/

Фото: МИА архива

You May Also Like