• Thursday, 30 January 2025

Николоски во посета на Косово, разговори за железничко поврзување на Скопје и Приштина и изградба на патот Тетово-Призрен

Николоски во посета на Косово, разговори за железничко поврзување на Скопје и Приштина и изградба на патот Тетово-Призрен

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Прашањето за железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина како и изградба на зедничка железничка станица која ќе ги олесни граничните постапки во делот на транспортот на добра и патници е отворено во тек на офиоцијалната посета на Косово на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шакири и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски. 

На средба со министерот за транспорт на Република Косово, Либурн Алију, се разговарало и за евентуално патно поврзување и изградба на патниот правец Тетово-Призрен со изградба на зеднички тунел како гранична точка меѓу Македонија и Косово. 

- Двете страни се согласија да се формира работна групи кои ќе ги разгледа можностите за реализација на овој проект, соопшти Министерството за транспорт.

Во рамки на посетата, делегациите оствариле и посета на неколку инфраструктурни проекти што се реализираат во Косово, а кои се од регионалано значење.

- Двете страни се согласија дека Македонија и Косово имаат добра економска и политичка соработка и ја потенцираа потребата оваа соработка да се интензивира во духот на добрососедските односи, истакнуваат од Министерството за транспорт. лв/са/

Фото: Министерство за транспорт