• Wednesday, 12 February 2025

Николоски: Владата донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо" во Охрид

Николоски: Владата донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција  и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо " - Костозглобна во Охрид, објави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, на неговиот фејсбук профил. 

Со денешната одлука предвидени се два милиони евра за оваа намена и со ова, напиша тој, исполнуваме уште едно ветување.

- Св.Еразмо - специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија. Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти!, напиша Николовски. цр/бак/

Фото: Фејсбук на Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт