• Thursday, 09 January 2025

На „Мис Универзум од Аргентина“ ѝ е одземена националната титула

На „Мис Универзум од Аргентина“ ѝ е одземена националната титула

Лос Анџелес, 9 јануари 2025 (МИА) - Организаторите на „Мис Универзум“ решија на претставничката од Аргентина - Магали Бенехам да ѝ ја одземат титулата „Мис Универзум од Аргентина“. Скоро два месеца по настанот, нејзе ѝ беше поништена националната титула, откако даде остри коментари за нејзините колешки - Данката Викторија Ќаер, која победи на натпреварот во 2024 година и претставничката на Порторико, Џенифер Колон.

„По подробна анализа на јавните коментари на Магали Бенехам, и врз основа на нашите принципи, донесовме одлука веднаш да ѝ ја одземеме титулата“, изјавија тие.

Имено, Бенехам смета дека овој избор за убавина е наместен. Таа тврди дека членовите на жирито биле „многу изненадени“ кога биле објавени најдобрите 5 девојки.

- Почнаа да се гледаат и како да си велеа: „Ние не го избравме ова“. Така ми изгледаше и тогаш сфатив: В ред, ова е наместено. Отсекогаш било наместено, рече таа.

Таа потоа додаде дека Ќаер имала најмалку тројца чувари околу себе последните неколку дена од натпреварот, што е знак дека таа веќе знаела дека ќе победи.

Бенехам ја нападна и претставничката на Порторико. Таа е уверена дека го облекла „најлошиот“ фустан и дека била непријателски настроена кон Аргентинката.  си/

Фото: Фејсбук-објава