• Thursday, 09 October 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Скопје, 14 август 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 15 минути, а на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ.

Воедно препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според АМСМ, поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје е затворен за секаков вид возила. мч/

фото: МИА