Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка
- До седум часот утрово висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, 9 во Крушево, Маврови Анови.
- Post By Блаже Дарудов
- 08:44, 16 January, 2026
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 Целзиусови степени се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје - Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје - Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 - Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 - Гевгелија, Охрид, 2 - Виница, 4 - Ѓуриште.
До седум часот утрово висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, 9 во Крушево, Маврови Анови.
Според синоптичарите, времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Во одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Максималната температура се очекува да биде во интервал од 6 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје исто така се очекува времето да биде променливо облачно и тивко, ќе има услови за појава на магла. Максималната температура според најавите ќе достигне до 9 Целзиусови степени. бд/са/
Фото: МИА архива