• Tuesday, 16 December 2025

Најмалку 37 луѓе загинаа во поплавите во Мароко

Најмалку 37 луѓе загинаа во поплавите во Мароко

Рабат, 15 декември 2025 (МИА) – Најмалку 37 луѓе загинаа, а 14 се повредени во поплавите во мароканскиот пристаништен град Сафи.

Обилните дождови вчера поплавија домови и продавници во стариот дел на Сафи, а надојдената вода носеше автомобили. Поради поплавите денеска училиштата се затворени.

Мароко по седум години суша се соочува со обилни дождови и снежни врнежи во планинскиот венец Атлас. ми/

фото: ЕПА