Најмалку 30 луѓе загинаа во поплавите во Етиопија
- Најмалку 30 луѓе загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови што ја погодија реонот Гомо, јужна Етиопија
- Post By Марина Илиевска
- 08:38, 12 March, 2026
Адис Абеба, 12 март 2026 (МИА) – Најмалку 30 луѓе загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови што ја погодија реонот Гомо, јужна Етиопија.
Градот Арба Минчо и соседните подрачја два дена биле зафатени од непрекинат дожд, што предизвика голема штета на домовите, инфраструктурата и земјоделското земјиште.
Обилните дождови предизвикаа големи поплави во источниот дел на Африка, а десетици луѓе настрадаа во соседна Кенија.
Метеоролозите наведоа дека се поинтензивни стануваат бурите во регионот, делумно поради климатските промени. ми/мс/
фото: ЕПА