Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 1.300 се евакуирани по обилните дождови во Јужна Кореја
- Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 1.300 се принудени да се евакуираат како резултат на дводневните обилни дождови во Јужна Кореја, јавувија јужнокорејските власти.
- Post By Марија Спасовска
- 17:40, 17 July, 2025

Сеул, 17 јули 2025 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 1.300 се принудени да се евакуираат како резултат на дводневните обилни дождови во Јужна Кореја, јавувија јужнокорејските власти.
Едно лице загина откако неговиот автомобил беше закопан под земја и бетон откако се урна потпорен ѕид во градот Осан, јужно од главниот град Сеул.
Три други лица беа пронајдени мртви на различни локации во јужните региони на земјата. Претставници на Министерството за внатрешни работи на Јужна Кореја изјавија дека сè уште истражуваат дали смртните случаи се директно поврзани со поројните дождови.
Како резултат на обилните дождови, 1.382 лица беа евакуирани од своите домови, соопшти министерството. Покрај тоа, откажани се 46 летови. Според министерството, некои делови од јужната покраина Јужен Чунгчеонг примиле до 420 милиметри дожд за еден ден. мс/
фото: ЕПА