Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција
- Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција, соопштија локалните власти.
Бер/Париз, 30 јуни 2024 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција, соопштија локалните власти.
Невремето предизвика поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и паднати дрвја.
Во Франција, три лица загинаа кога паднало дрво врз нивниот автомобил од силината на ветерот во департманот Од, во североисточна Франција. Едно лице е повредено.
Во Швајцарија обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во југоисточниот дел на земјата. Четворица се жртви на катастрофата.
Започна евакуацијата на туристите од кампот во Моњо и од фудбалскиот турнир во Печа.
Неколку котлини во близина на долината Маџа не се пристапни и нема струја. Дел од кантонот Тичино е без вода за пиење.
Евакуации има и во областа Рона во кантонот Вале.
Лошото време зафати и делови од северна Италија и Германија. паг/