Доделување на уверенија на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители
- Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска организира настан по по повод доделување на уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата.
Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска организира настан по по повод доделувањето на уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата.
Како што е најавено од Академијата за судии и јавни обвинители, на настанот ќе присуствуваат јавниот обвинител Ирина Трајкоска Стрезоски, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Душица Димитриеска, претседателот на Советот на јавните обвинители, Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет и Игор Филков, министер за правда.
Најавени се и други високи претставници на правосудните институции во земјата, дипломатскиот кор во земјава, високи претставници на релевантни домашни и странски институции, како и претставници на невладиниот сектор. цр/бак/
Фото: МИА архива