Oтворен ден во Советот на јавните обвинители за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на АСЈО
- Целта, како што е најавено, е запознавање со постапката по објавениот оглас, временската динамика, како и со целокупното работење на јавното обвинителство.
![Oтворен ден во Советот на јавните обвинители за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на АСЈО](https://mia.mk/images/20250211153704_big_730x400_70.webp )
Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) – Советот на јавните обвинители денеска организира отворен ден за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје.
Целта, како што е најавено, е запознавање со постапката по објавениот оглас, временската динамика, како и со целокупното работење на јавното обвинителство.
Советот на јавни обвинители минатата недела објави оглас за избор на вкупно 47 јавно обвинителски места низ повеќе Основни јавни обвинителства на територија на целата држава. Објавен е оглас за избор на 14 јавни обвинители во ОЈО Скопје, четири во ОЈО Тетово, по три во ОЈО Куманово, Охрид, Прилеп и Штип, по две во ОЈО Гевгелија, Битола, Гостивар, Кичево и Струмица и по едно во ОЈО во Крива Паланка, Велес, Ресен, Струга, Радовиш, Делчево и во Кочани.
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ претходно ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Уверенија добија вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители. аа/бак/
Фото: МИА архива