• Monday, 28 October 2024

Студено утро, преку ден потопло

Студено утро, преку ден потопло

Скопје, 27 октомври 2024 (МИА) -  Утрово по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла. Преку ден, времето се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура се очекува да биде во интервал од -1 до 7, а максималната да достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје, времето се очекува да биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура да се спушти до 6, а максималната да достигне до 23 степени.

Според најавите, продолжува периодот на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност, освен во среда кога ќе има услови за повремен локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност, а дневната температура да биде без значителни промени. бд/вг/

Фото: МИА архива