• Thursday, 05 February 2026

Седница на Советот на јавните обвинители

Седница на Советот на јавните обвинители

Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи триесет и седмата седница, на која, како што е наведено во донесената одлука, на дневен ред предвидени се повеќе точки, меѓу кои и записникот на Комисијата по постапката за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, поднесена од јавната обвинителка Ленче Ристовска.

Советот ќе одлучува и по два дисциплински предмета, а се очекува да се донесат и одлуки за објавување огласи за избор на јавни обвинители во основните јавни обвинителства во Ресен, Крива Паланка и Кочани. бк/са/

фото: МИА