• Wednesday, 18 March 2026

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток

Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи - Скопје се очекува да се реализира денеска.

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани, кои во моментот се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет.

- Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани што имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби - наведе Амбасадата.

Евидентирањето, посочуваат од Амбасадата, може да се изврши на следните контакти - Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби, телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk.

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници. нд/са/

Фото: МИА архива