• Friday, 27 December 2024

НАТО бара истрага за причините за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс

НАТО бара истрага за причините за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс

Брисел, 26 декември 2024 (МИА) - НАТО денеска повика на истрага за причините за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс, во кој загинаа 38 лица.

„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот J28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фара Далалах на платформата Икс.

Таа додаде дека НАТО им посакува брзо закрепнување на повредените во несреќата и повика на истрага. паг/

Фото: МИА архива