• Thursday, 12 February 2026

,,Насликај го вкусот на виното", несекојдневна работилница во Кавадарци 

,,Насликај го вкусот на виното

Кавадарци, 11 февруари 2026 (МИА) - „Насликај го вкусот на виното", несекојдневна работилница се реализираше вечерва во Вински музеј во Кавадарци, во рамките на активностите што ги организира локалната самоуправа, во чест на верскиот празник „Свети Трифун", што се смета за заштитник на лозарите и винарите. 

- Општина Кавадарци предводена од градоначалникот Митко Јанчев и општинскиот Совет, подготви богата неколкудневна програма со многубројни активности за сите генерации. Креативни работилници, изложби, фестивали. На оваа креативна работилница љубителите на уметноста и виното, имаа можност да го насликаат вкусот на виното. Така, како што тие го чувствуваат. Целта е,  почитување на културата и традицијата, рече Лидија Кузумова, раководителка на Секторот за култура и јавни дејности, при кавадаречката локална самоуправа. 

На настанот, зедоа учество голем број на љубители на уметноста и виното. Парите од продажбата на насликаните дела, ќе бидат за хуманитарни цели. свд/лв/

фото: МИА