• Tuesday, 10 March 2026

Нападот врз синагогата во Лиеж можно е да е поврзан со Иран, палестинските бегалци или Антифа

Нападот врз синагогата во Лиеж можно е да е поврзан со Иран, палестинските бегалци или Антифа

Брисел, 9 март 2026 (МИА) – Белгиските власти истражуваат најмалку три можни врски со денешниот напад врз синагогата во Лиеж, објавија националната телевизија РТЕЛ.

Според телевизијата нападот врз синагогата најверојатно е поврзан со Иран, со палестински имигранти во Лиеж или со анархистите од Антифа.

Во Лиеж живее мала заедница Иранци и граѓани на Израел, но значително е присуството на Палестинци во градот. Антифа неодамна беше вмешана во акција против споменикот на Холокаустот.

Според истражителите, иако е прерано да се извлекуваат заклучоци, овој случај секако е напад. Истрагата утврди дека употребената експлозивна направа била рачно изработена, но успеала да предизвика видлива материјална штета.

Градоначалникот на Лиеж, Вили Демејер инцидентот го оцени како „екстремно насилен чин на антисемитизам“.

Експлозивна направа утрово беше поставена во синагогата. Експлозијата ги скрши прозорците на синагогата, како и прозорците во зградата преку улицата. ми/сд/

фото: ЕПА