Мојсоска од Левица: Груби користел и обезбедување на државата кога избегал
- СООПШТЕНИЕ
![Мојсоска од Левица: Груби користел и обезбедување на државата кога избегал](https://mia.mk/images/20250211154808_big_730x400_3.webp )
Скопје, 11 февруари 2025
Пратеничката од редовите на Левица на социјалните мрежи обзнани дека на Артан Груби државата му плаќала обезбедување што води до небулози кои според неа укажуваат на уште едно исценирано бегство на високо профилиран функционер:
-Во одговор на пратеничко прашање, министерот Тошковски потврди дека државата му плаќала и обезбедување на Артан Груби, кој веќе неколку месеци е во бегство. Во одговорот на министерот Тошковски, се наведува дека решението за обезбедување на Груби го потпишал тогашниот министер Назим Буши, и тоа на 13 јуни 2024 година. Односно, само две недели пред да се конституира новата влада.
Нејасно е зошто министерот Тошковски не го отповикал ова решение за обезбедување на Артан Груби, ниту пак преиспитал дали постои висок ризик на опасност по животот на Груби, за што државата троши средства за негово лично обезбедување?! Со други зборови, криминалецот Груби не само што ја цицал државата додека бил на функција, туку и кога му престанала функцијата продолжил да користи лично обезбедување од МВР, платено од власта на ДПМНЕ. И најважното прашање за крај:
Доколку во моментот на бегство за Груби веќе била иницирана постапка и бил ставен на STOP листа, зошто обезбедувањето од МВР не реагирало кога Груби ги известил дека ја напушта државата?! Груби во неговата последна објава наведува дека го известил своето лично обезбедување пред да ја напушти државата. Зошто обезбедувањето не реагирало, како што не реагирал и службеникот на граничниот премин, води само кон тоа на уште едно исценирано бегство на високо профилиран функционер, напиша Мојсоска на Фејсбук.
Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.