Мота би можел да биде назначен за тренер на Тотенхем
- Поранешниот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, се разгледува за функцијата во Тотенхем.
- Post By Зоран Стерјовски
- 19:20, 8 March, 2026
Рим, 8 март 2026 (МИА) - Поранешниот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, се разгледува за функцијата во Тотенхем.
Според „Кориере дело Спорт“, сегашниот тренер на Спарс, Игор Тудор, би можел да ја изгуби својата позиција поради лошите резултати на тимот.
Четириесет и двегодишниот Мота се смета за водечки кандидат.
Тотенхем е на 16-то место на табелата во Премиер лигата со 29 бода, само еден бод повеќе од екипите кои се наоѓаат во „Зоната на испаѓање“.
Мота е без ангажман од март 2025 година, кога го напушти Јувентус. зс/
Фото: ЕПА