• Monday, 13 October 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Москва не попушта пред заканите, вели руското МНР по ултиматумот на Трамп за Украина

Москва не попушта пред заканите, вели руското МНР по ултиматумот на Трамп за Украина

Москва, 17 јули 2025 (МИА) - Москва „не попушта пред заканите“, соопшти руското Министерство за надворешни работи денеска, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде на Русија 50 дена да постигне прекин на огнот во Украина и ѝ се закани со санкции.

Трамп во понеделникот го објави својот најцврст став досега за војната во Украина, поставувајќи ултиматум до Москва и ветувајќи нови испораки на ракети и друго оружје за Киев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека одлуката на Трамп да ја снабдува Украина со нови ракети е сигнал за Киев да „продолжи со крвопролевањето“ и да ги отфрли мировните иницијативи.

-Руската делегација е подготвена да пристигне во Истанбул за трета рунда разговори, рече Захарова, истакнувајќи дека досега не видела никакви сигнали од Киев за подготвеност за разговори.

Захарова додаде дека смета дека е контрапродуктивно да се „мерат во милиметри“ несовпаѓањата во позициите на Белата куќа. мс/

фото: ЕПА