• Friday, 27 December 2024

Можно е поправката на прекинатиот подводен кабел за пренос на струја помеѓу Финска и Естонија да трае неколку месеци

Можно е поправката на прекинатиот подводен кабел за пренос на струја помеѓу Финска и Естонија да трае неколку месеци

Хелсинки, 26 декември 2024 (МИА) – Поправката на вчера прекинатиот подводен кабел „Естлинк 2“ (Estlink 2) за пренос на електрична енергија, што ги поврзува Финска и Естонија, најверојатно ќе трае неколку месеци, соопшти финскиот оператор „Фингрид“ (Fingrid).

Електричниот кабел што ги поврзува Финска и Естонија под Балтичко Море вчера беше прекинат. Тоа е последниот во серијата инциденти кои вклучуваат оштетување на телекомуникациските кабли и енергетските цевководи во Балтичкото Море.

Владата на Финска и на Естонија во текот на денот ќе имаат вонредна седница на која ќе ја оценат сериозноста на ситуацијата.

Интерконекторот „Еастлинк 2“ е со должина од 170 километри и капацитет од 658 мегавати, а прекинот може да создаде проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

Финската полиција истражува дали подводниот кабел е оштетен од странски брод кој пловел низ Балтичко Море. ми/

фото: МИА архива