• Saturday, 06 December 2025

Мицкоски пред почеток на партискиот конгрес: Очекувам славенички амбиент по историската и голема победа на локалните избори и во тој дух да продолжиме да работиме

Мицкоски пред почеток на партискиот конгрес: Очекувам славенички амбиент по историската и голема победа на локалните избори и во тој дух да продолжиме да работиме

Скопје, 6 декември 2025 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е и актуелен претседател на Владата, денеска пред почетокот на партискиот конгрес во Кавадарци изјави дека очекува да бидат усвоени неколку стратешки документи на Конгресот и да продолжат да работат во интерес на граѓаните. 

- Очекувам да бидат усвоени неколку стратешки документи меѓу кои и патоказот за годините што се пред нас, политиките и визијата што како партија и како Влада ќе ги застапуваме во годините што следат. Очекувам славенички амбиент после историската и голема победа на локалните избори и во тој дух очекувам да продолжиме да функционираме и да работиме и понатаму. Наш главен мотив и инспирација се интересите на граѓаните, така беше досега, така ќе биде и отсега, рече Мицкоски. 

Осумнаесетиот конгрес, како што рече, е можеби најголемиот по број на посетители и делегати кој што досега бил одржан во историјата на партијата. бак/вг/

Фото: МИА