• Wednesday, 04 February 2026

Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари

Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари. 

- Оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е приближно некаде 25 милиони евра, средства што ќе бидат распределени во културата - рече во одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата. сст/дма/

Фото МИА архива