Министерот Салиу учествуваше на Европска платформа за инклизија на Роми во Брисел
- СООПШТЕНИЕ - Министерот Шабан Салиу задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми, учествуваше на Европска платформа за инклизија на Роми во Брисел.
Скопје, 5 октомври 2024
Министерот Шабан Салиу задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми, учествуваше на Европска платформа за инклизија на Роми во Брисел.
На моја голема чест, вчера, 2 Октомври, учествував на посебен состанок во Европската комисија, кој беше предводен од госпоѓа Марта Гарсија Фидалго, Советник за интеграција на Ромите при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување. На овој состанок, ја имав можноста да ја претставам Република Северна Македонија како Национална контакт точка за интеграција на Ромите, при што ги споделив нашите најдобри практики во оваа област. Посебен акцент ставив на искуствата на нашата земја во намалувањето на бројот на апатриди, што претставува значителен успех благодарение на успешната имплементација на граѓанската регистрација. На состанокот присуствуваа и други национални контакт точки, меѓу кои претставници од Турција и Молдавија, со што беше овозможена плодна дискусија за Познанските препораки и други важни мерки, со цел подобрување на положбата на ромската заедница на европско и регионално ниво.
Нашето учество на оваа платформа претставува важен чекор кон зајакнувањето на соработката меѓу земјите членки и земјите кандидати за членство во Европската унија. Ние остануваме посветени на нашите цели за инклузија на Ромите и продолжуваме со заедничката работа во остварувањето на овие приоритети, во тесна соработка со Европската унија и нашите партнери од регионот.
Имам задоволство да Ве информирам за моето учество на 17 Европска платформа за инклузија на Ромите, која се одржа во Брисел на 1 октомври 2024 година, под покровителство на Европската комисија и во соработка со Унгарското претседателство.
Главната цел на оваа средба беше да се разгледа напредокот во интеграцијата на Ромите и подобрувањето на нивната социјална инклузија, како во рамките на Европската унија, така и во земјите од Западен Балкан. Платформата привлече широк спектар на учесници, меѓу кои и претставници на ромската заедница, заедно со клучни актери од земјите членки на Европската унија, како и од земјите кандидати за членство. Во рамките на настанот беа организирани неколку работилници посветени на предизвиците, успесите и идните чекори во интеграцијата на Ромите, каде што јас и мојот тим активно учествувавме, со особен фокус на социјалната инклузија.
Кабинет на министерот Шабан Салиу
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.