Министерот за локална самоуправа Златко Перински во посета на Свети Николе
- Министерот за локална самоуправ Златко Перински денеска беше во посета на Свети Николе, каде што во директни разговори со градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев , членовите на Советот и претставници на општинската администрација, беа разгледани тековните активности, приоритетите на локално ниво и напредокот во реализацијата на инфраструктурните проекти, со посебен акцент на мерките што носат непосредни придобивки за граѓаните. Министерот за локална самоуправа Перински по посетата на Свети Николе информираше дека во Ресурсниот центар за поддршка на општините, веќе е воспоставена солидна база од експерти за стручна и техничка помош, а тоа значи овозможување на директна поддршка на општините на нивно барање.
You need to login to view this page en