• Wednesday, 05 February 2025

Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина

Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина

Атина, 5 февруари 2025 (МИА) – Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката Божиновска заедно со нејзините колеги од Грција и Кипар, Теодорос Скилакакис и Јоргос Папанастасиу ќе дискутираат на панел посветен на „Енергетската голема игра: Геополитика и глобалниот пазар на енергија“.

- По повод конференцијата, министерката за енергетика, рудници и минерални суровини на Северна Македонија, Сања Божиновска и министерот за енергетика, трговија и индустрија на Кипар, Јоргос Папанастасиу, ќе бидат во Атина и на конференција ќе учествуваат со министерот за животна средина и министер за енергетика Теодорос Скилакакис и заменик-министерката за животна средина и енергетика Александра Сдуку. На форумот ќе се разговара за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со акцент на регионалната соработка, енергетските интерконекции и транзицијата кон чиста енергија, соопштија организаторите на Самитот.

Енергетскиот самит (Athens Energy Summit) се одржува по 14 пат, традиционално обединува водечки функционери и претставници на енергетската индустрија, обезбедувајќи можност за стратешки дијалог за иднината на енергијата во поширокиот регион. ср/бак/

Фото: МИА архива