• Saturday, 09 November 2024

Милер: Израел ќе отвори нов премин во Појасот Газа, во Кисуфиму

Милер: Израел ќе отвори нов премин во Појасот Газа, во Кисуфиму

Вашингтон, 8 ноември 2024 (МИА) - Израел повторно ќе отвори нов премин во Појасот Газа, соопшти синоќа Стејт департментот, неколку дена пред истекот на ултиматумот на САД за зголемување на хуманитарната помош за Палестинците.

-Видовме дека Израел презеде важни чекори во последните недели... и планира да отвори нов дополнителен премин во Кисуфиму во наредните денови, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Американските министри за надворешни работи и за одбрана, Ентони Блинкен и Лојд Остин на 13 октомври испратија писмо во кое бараат Израел да ја зголеми хуманитарната помош, давајќи му 30 дена да одговори.

Во спротивно, САД се заканија дека ќе прекинат дел од својата воена помош за Израел.

Милер одби да каже како САД ќе проценат дали Израел ги исполнува условите, ниту кога ќе се направи таквата проценка кога рокот на ултиматумот ќе заврши на 13 ноември.

Американскиот закон бара примателите на американската воена помош да не ја попречуваат испораката на хуманитарна помош.сд/

фото: МИА архива