Милановиќ: Претседателот на Републиката го бираат граѓаните, а не Пленковиќ
- На сметка на Милановиќ беа упатени бајати обвинувања дека ја влече Хрватска кон Исток и дека тој ќе ја насочел земјата кон Запад. Приморац во неколку наврати рече дека Милановиќ не може да биде претседател на Хрватска, а во еден момент Милановиќ му одговори: Но, јас сум претседател.“
- Post By Сашко Димевски
- 14:41, 8 January, 2025
Загреб, 8 јануари 2025 (МИА) - Ден по единствениот дуел на претседателските кандидати, во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Хрватска, актуелниот претседател на Републиката во трка за уште еден мандат во Пантовчак, Зоран Милановиќ , објави фотографија со неговиот противкандидат Драган Приморац и им порача на граѓаните: Вие изберете претседател на Републиката, а не Андреј Пленковиќ“.
На фотографијата има и потсетување дека вториот изборен круг ќе се одржи на 12 јануари.
„Знаете се“, напиша Милановиќ во објава на Фејсбук.
Инаку, Милановиќ и Приморац во синоќешната дебата влегоа во жестоки дискусии, си разменија навреди, прекинувајќи се меѓусебно.
Приморац најмногу го обвинуваше Милановиќ за се што го обвини на дуелот пред првиот изборен круг, без ниту една нова тема. А тоа е дека е проруски и просрпски настроен, затоа што за пет години не направи ништо за Хрватска, освен што ја подели, речиси целиот свој работен век го помина во „државни јасли“ и тоа дека во еден краток период на претприемништвото бил многу неуспешен.
На сметка на Милановиќ беа упатени бајати обвинувања дека ја влече Хрватска кон Исток и дека тој ќе ја насочел земјата кон Запад.
Приморац во неколку наврати рече дека Милановиќ не може да биде претседател на Хрватска, а во еден момент Милановиќ му одговори: Но, јас сум претседател.“
Милановиќ го критикуваше Приморац дека не знае што зборува, дека кажува лаги, дека е педијатар, а не форензичар, дека докторирал на необичен начин и избегал во Америка на денот кога беше уапсен поранешниот премиер на Хрватска , Иво Санадар, па го постави прашањето - зошто токму тогаш?
Кога Приморац во еден момент му се обрати на противкандидатот со Зоране, Милановиќ му одговори дека не фозволува така да му се обраќа бидејќи „не паселе заедно стока“.
За цело време на дуелот Милановиќ му се обраќаше на Приморац со „личност во сопственост на Андреј Пленковиќ“.
Ако се суди според анкетите на хрватските портали објавени веднаш по дебатата, Милановиќ има убедлива предност пред Приморац.
Во првиот изборен круг, во кој имаше дури осум претседателски кандидати, Милановиќ излезе со поддршка од 49,1 отсто, а Приморац со 19,35 отсто од гласовите.сд/
фото:Скриншот од ХРТ