МИА Најави – свет
- Киев – Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен ќе учествуваат на комеморација во Киев, на четиригодишнината од руската инвазија. Тие ќе се сретнат и со украинскиот претседател Володимир Зеленски
24 февруари 2026
Киев – Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен ќе учествуваат на комеморација во Киев, на четиригодишнината од руската инвазија. Тие ќе се сретнат и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Брисел – Европски парламент ќе одржи посебна седница посветена на годишнината од руската инвазија врз Украина.
Стразбур – Состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа по повод четиригодишнината од руската инвазија врз Украина.
Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се обрати пред двата дома на Конгресот за состојбата на нацијата.