МИА Најави - свет
- Стразбур - Политичката криза во Србија е на дневен ред на пленарната седница на Европскиот парламент.
![МИА Најави - свет](https://mia.mk/images/20250210220132_big_730x400_82.webp )
11 февруари 2025
Стразбур - Политичката криза во Србија е на дневен ред на пленарната седница на Европскиот парламент.
Будимпешта - Средба меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и копретседателната на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија, Алиса Вајдел.
Париз - Работен ручек меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.
Берлин - Обраќање на германскиот канцелар Олаф Шолц на последната седница на Бундестагот пред парламентарните избори.
Париз - Меѓународната организација на трудот ќе ги претстави податоците за невработеноста и показателите за пазарот на трудот.
Дубаи - Тридневниот „Светскиот самит на влади“ започнува со водечки деловни луѓе и експерти.