
9 март 2025
Битола - По повод одбележувањето на 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, 82 години од холокаустот на македонските Евреи, собраниска делегација ќе положи цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и на Споменикот на Естреја Овадија-Мара. (11:45)
Скопје - Министерството за внатрешни работи во соработка со ТАВ Македонија организира вежба за вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје. (Пристигнување на медиуми, 11 часот и 30 минути на Меѓународен Аеродром Скопје - Капија 5, безбедносен пункт близу старата терминална зграда, фотографирање и видео инсерти на аеродромската платформа од 12 часот до 12:30 часот, изјави на директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев и на заменик-генерален директор на ТАВ Македонија/12:30)
Битола - Национален парк „Пелистер“ организира планинарска акција „100 жени на Пелистер“ (Инфо центар / 11:00)
Битола - Промоција на книгата „Траги од еврејското наследство во Битола“ од авторот Зоран Ѓоргиев (Офицерски дом / 19:00)
Скопје - Автомобилистичката федерација на Македонија (АФСМ) организира #Женскорели2025 низ улиците на Скопје. (СЦ „Борис Трајковски“/09:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***