МИА Најави МКД
- 11 февруари 2025
11 февруари 2025
Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настан „Глобален женски појадок 2025“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, по повод 11 февруари - Меѓународен ден на девојките и жените во науката. (Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје/ 10:00).
Скопје - Седници на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. Собрание/Сала 6/10:30, 10:45)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Собрание, Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје - Потпишување сепаратни договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW, германска јавна финансиска институција за поддршка на претприемништвото и на малите и средните претпријатија, (Свечена сала во Владата/11:00), по што следува прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и Мориц Реме, регионален директор на канцеларијата на германската КфВ банка за Скопје и за Приштина. (Медија центар на Влада).
Скопје - Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (сала 6/12:00)
Скопје - Прес-конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска. (МОН/11:30)
Скопје - Прес-конференција на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. (Национална галерија – објект Даут-пашин амам/11:00).
Скопје - Прес-конференција на Транспаренси Интернешнл – Македонија на која ќе бидат презентирани наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2024 година. (канцеларии на Транспаренси Интернешнл- Македонија, ул. „ Наум Наумовски Борче“ број 58/10:00)
Скопје - Детската амбасада МЕЃАШИ организира настан за одбележување на „Меѓународниот ден за побезбеден интернет”. ( Кинотека на Македонија – Скопје/12:00)
Скопје - Средба со медиуми на тема „Заедно за интернет без омраза и без врсничко насилство“ на УНИЦЕФ и Фондација Телеком за Македонија.(Телеком управна зграда/12:30)
Битола - Македонското научно друштво - Битола ќе одржи дебата „Жените и науката“ со што ќе го одбележи Светскиот ден на жените во науката (МНД-Битола / 12:00)
Скопје - Прес-конференција на Друштвото на писателите на Македонија на која ќе бидат објавени членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди на ДПМ за 2024 г., како и петмината добитници на наградите: „Стале Попов“,
„Ацо Шопов“, „Ванчо Николески“, „Димитар Митрев“ и „Мост“. (ДПМ/12:00)
_______________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***