• Wednesday, 12 March 2025

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

12  март 2025 

Баку - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со претседателката на Националното собрание на Азербејџан, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов.

Скопје - Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 5/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/14:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/14:30)

Скопје - Работилница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР. (Сала „Борис Трајковски“/11:45)

Ресен - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставувањето камен - темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога“. (Село Долно Дупени/12:00)

Кичево - Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили, заменик началникот на Армијата генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски ќе ги посетат припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата во касарната „Чеде Филиповски - Даме“ во Кичево. (10:30/изјава за медиуми по посетата)

Тетово - Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе се обрати на Австриско - македонскиот форум за животна средина. (хотел „Меркур во Тетово“/ 9:15 )

Скопје - Научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“ во организација на Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ и Советот за македонски јазик. (МАНУ/10:00)

Скопје - Прес-конференција на здружението „Нефрон“ по повод Светскиот ден на бубрегот. (простории на Нефрон, ул.11 Октомври бр.17, втори кат/11:00)

Скопје - Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ Битола организира дискусија за генска терапија и предавања за ретки болести наменети за лекари по семејна и општа медицина. (ресторан „Рагуза 360“/изјави за медиуми/16:45)

Скопје - Панел дискусија за промоција на платформа за соработката на Црвениот крст и Универзитетската заедница во организација на Црвениoт крст на Република Северна Македонија. (Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, свечена сала/11:00, изјави за медиумите/10:40)

Скопје - Сојузот на просветни работници организира постхумна средба во спомен на просветителско-педагошкото дело на проф. Ленка Гогоска (Попоска). (Дом на култура „Билјана Беличанец“/18:00)

Битола - Работилница за врсничко насилство наменета за родители во организација на „Макпетрол“. (ОУ „Св. Климент Охридски“/18:00)

Битола - МНД-Битола организира промоција на романот „Човек глагол/ Хомо вербум“ од Елизабета Јончиќ. (Универзитетска библиотека/12:00)

Скопје - Промоција на четвртата книга од серијата монографии - „Архитектонските елементи од Епископската базилика во Големо Градиште кај Коњух, Кратовско" од Радомир Ивановиќ. (Археолошки музеј/12:00)

Скопје - Промоција на романот „Млечни заби“ на авторката Хелене Буковски. (Јуроп хаус/19:00)

Скопе - Концерт на Џеј-Џеј Јохансон. (Филхармонија/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

You May Also Like