24 март 2026
Загреб - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во официјална посета на Република Хрватска.
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе има обраќање на меѓународната конференција на високо ниво на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, во организација на Народна Банка. (хотел „Мериот“/9:00 / https://www.youtube.com/live/H79qo8qKQP4)
Скопје - Тркалезна маса - „Воведување на уставна жалба?“, во организација на Уставен суд, на која ќе учествува и премиерот Христија Мицкоски. (Уставен суд / 10:00 / прес-конференција во 11:20 / предвидена е изјава на премиерот Мицкоски)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе учествуваат и ќе се обратат на настанот со кој ќе биде означен почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на мало и лесно оружје. (СУГС „Владо Тасевски“/12:00)
Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе присуствува на прес-конференцијата на Клиниката за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од САД. (зграда на Интерни клиники, библиотека на 2 кат/12:00)
Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на 7. сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавје 5 – јавни набавки, Поглавје 18 – статистика и Поглавје 32 – финансиска контрола) како дел од Кластерот 1 – фундаментални вредности од Преговарачката рамка за пристапување во Европската Унија, во организација на Европското движење. (х.„Панорамика“/9:30)
Скопје - Дводневна програма посветена на дигиталната пристапност и инклузивниот дигитален развој, која ќе се одржи во рамки на проектот WebEmpower во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (Простории на ФИНКИ)
Штип - „ACE2EU INTERNATIONAL MANAGERS’ AND INSTITUTIONAL COORDINATORS MEETING “, состанок на ректори, проректори или претседатели на универзитети. (Ректорат на УГД/9:00, изјави за медиумите/10:30)
Скопје - По повод 17 март - Денот на формирање на Црвениот крст и Денот на крводарителството, Црвениот крст организира настан посветен на промоција на првата помош и подигање на свеста за значењето на навремената реакција при итни ситуации. (Плоштад Македонија/11:00)
Скопје - МИМ ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“. („Intermezzo Music Bar”/13:00)
Скопје - Прес-конференција на Здружението СОС ВИТА - Скопје. (Простории на СОС ВИТА/13:00)
Скопје - Настап на 50 уметници во новото издание на „Глумците Пеат“. (Македонски народен театар/20:00)
Штип - Концерт на Ансамбл „Македонија“. (Мултимедијален центар, Економски факултет/19:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***