• Monday, 19 January 2026

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

19 јануари 2026

Одбележување на христијанскиот празник Богојавление - Водици:

Охрид/Струга - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на одбележувањето на  христијанскиот празник Богојавление – Водици, во Охрид и во Струга.

- Централна богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“  –  Каменско, литии од сите цркви кон Градско пристаниште (09:45), голем Богојавленски водосвет и положување на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј (10:00).

Скопје - Централна богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан. (09:00)

- литија од црквата кон мостот „Слобода“ кај х.„Хоидеј ин“ и положување на крстот во водите на реката Вардар од страна на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан. (12:00)

Давос - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос.

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***