• Sunday, 22 March 2026

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

21 март 2026

Неготино - Трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, организирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Општина Неготино, општинска сала/18:00, предвидена е изјава за медиуми на почетокот на настанот)

Стеин - Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе учествува на меѓународниот фестивал  во Стеин, Холандија. 

Лајпциг - Промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, што неодамна го објави издавачот ETA Verlag од Берлин. (Саем на книга во Лајпциг)

Битола - Второ сценско читање на  „Монолозите од Газа“, во изведба на активисти од иницијативата „Сите за Палестина“ и локални уметници и активисти од Битола. (Новата сцена во Домот на културата во Битола/19:00)

Скопје -  Заеднички концерт на триото Додовски, Георгиевски и Спировски. (Социјален Центар Дуња/20:30)

Скопје - Концерт на Гордан Спасовски, во рамки на циклусот на џез концерти со врвни македонски  музичари - „JAZZOTERIA“, во организација на продуцентската куќа Трето Уво. (Аудиокултура)

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

You May Also Like