• Wednesday, 05 February 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

4 февруари 2025

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе по повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. (Црква  „Св. Спас“ / 11:00; Медиумите да бидат во црквата „Св. Спас“ најдоцна до 10:00

Скопје -  По повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Собранието, во состав Сергеј Попов, Даниела Белимова и Даниела Николова, ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. (Црква „Св. Спас“ / 11:00)

Скопје - По повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, претседателот на СДСМ Венко Филипче, ќе положи цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје. (11:00 часот / потоа Филипче ќе даде изјава за медиумите) 

Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе ја одбележи 153-годишнината од раѓањето на својот патрон Гоце Делчев. (пред спомен-биста на Делчев, двор на Ректоратот во Ново Село / 13:00; Изјави за медиуми по завршување на настанот ќе дадат ректорот на УГД, Дејан Мираковски, и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов) 

Скопје - Прес-конференција на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија, Сашо Клековски, по повод Светскиот ден за борба против ракот - 4 Февруари. (Влада на РСМ, кристална сала / 11:00)

Скопје - По повод Светскиот ден за борба против ракот - 4 Февруари, Здружението „Хема-онко“ организира панел-дискусија „Обединети по единственост - Преобликување на иднината за грижата за ракот во нашата држава, предизвици и можности“. (Универзитет „Скопје“, амфитеатар на Факултетот за туризам / 13:00

Скопје - Средба со медиуми (брифинг без камери) организира Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија. (Простории на Комората, кат 3 / 11:30)

Скопје - Промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски. (Кафе-книжарница „Буква“ / 19:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***